Концерт на Стефан Неданоски – Интерфест 2024

Со голема радост би сакал да најавам дека во наредните денови ќе бидат објавени видео записите од мојот настап на овој фестивал.

Навистина претставуваше еден огромен предизвик да се отпее еден таков тежок концерт составен од 14 арии од “железниот репертоар” каков што никогаш не бил изведен кај нас а можеби и воопшто. Чиста случајност е и што се поклопи со денот, 10 години од моето професионално деби при Националната Опера и Балет во 2014 година толкувајќи ја улогата на Ферандо во операта ” Така Прават Сите” на В. А. Моцарт на само 19 годишна возраст со што станав и воедно најмладиот дебитант кој со главна улога го започна своето пловење во оваа професија.

Привилегија е да се дели сцената со врвен пијанист како Маестра Клаудија Рондели која со своето искуство и вештина придонесе да овој концерт го претставиме со огромен успех. Многу ми е мило што и се допадна на нашата прекрасна публика па не викаше на “бис” рекордни 4 пати, со што концертот се заврши со изведени 20 композиции.

Голема благодарност до Интерфест за поканата и за успешната организација.

Едно огромно благодарам до бутик Ермитаж во Битола за овозможувањето на овој концерт.

Ако некој ја подржува уметноста и културата во оваа држава тогаш тоа се овие две прекрасни дами кои го водат овој успешен бутик.

Видео галерија

Фотогалерија

One comment

Comments are closed.